Ekipa
08 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
ВИЕНА (АА) - Слободарската партија на Австрија, ФПО (FPO), ги оспорува резултатите од минатомесечните претседателски избори во кои нивниот кандидат Нормберт Хофер загуби со мала разлика од Александар Ван дер Белен и денеска официјално поднесе жалба до Уставниот суд на Австрија, јавува Anadolu Agency (AA).
Лидерот на партијата, Ханц-Кристијан Штрахе, на денешната конференција за медиуми зборуваше за „многуте неправилности и грешки", кои треба да се испитаат.
„Ние не сме единствените губитници", изјави Штрахе и нагласи дека целта на жалбата е да се сочува „светото демократско право" на гласање.
Штрахе истакна дека мора да се промени изборниот закон, особено гласањето по пошта, кое мора да се укине.
Тој смета дека само за Австријците надвор од земјата би требало да се остават можноста за гласање по пошта, но не и за оние кои се во државата. Тој истакна дека во 97 од 117 изборни единици, имало сортирање на гласовите кои биле пратени по пошта, пред да дојдат официјални лица од изборната комисија, додавајќи дека станува збор за повеќе од 570.000 гласа.
„Хофер можеше да стане претседател на Австрија и без неправилности и грешки", рече лидерот Слободарската партија на Австрија, Штрахе.
Околу 700.000 гласачки ливчиња пристигнаа по пошта, што претставува 13 отсто од вкупното гласачко тело, и како што и многумина предвидуваа, му донесоа предност на Ван дер Белен.
До пребројувањето на овие гласови, Ван дер Белен имаше освоено 489 отсто од гласовите, додека десничарскиот Нормберт Хофер имаше 51,9 отсто од гласовите на избирачите. Сепак, конечното пребројување на гласовите го покажа Ван дер Белен за победник на изборите, со освоени 50.3 отсто од гласовите, што е за околу 30.000 гласа повеќе во однос на Хофер.