İlayda Çakırtekin
25 Мај 2026•Ажурирано: 25 Мај 2026
Авион на Кралските воздухопловни сили во кој патувал британскиот министер за одбрана Џон Хили доживеал прекин на сигналот во близина на руската граница, објави вчера „Тајмс“, пренесува Анадолу.
Како што се наведува, сателитскиот сигнал на владиниот авион на Хили бил во прекин во четвртокот додека тој се враќал во Обединетото Кралство по посетата на југоисточна Естонија.
Прекинот наводно го оневозможил ЏПС-системот на авионот во текот на тричасовниот лет.
Според наводите, од прекинот биле зафатени и лаптопите и паметните телефони во авионот, принудувајќи ги пилотите да се потпираат на алтернативни инерцијални навигациски системи за да ја одредат позицијата на авионот.
Се верува дека Русија стои зад инцидентот.
Еден од пилотите го опишал настанот како невообичаен, каков не доживеал „долго време“.