İlayda Çakırtekin
15 Октомври 2026•Ажурирано: 15 Октомври 2026
Шведскиот Парламент денес гласаше против именувањето на лидерката на социјалдемократите, Магдалена Андерсон, за премиерка на земјата, објави телевизијата СВТ, јавува Анадолу.
Гласањето во Парламентот заврши со 99 гласа „за“ и 248 „против“.
„Бидејќи повеќе од половина пратеници гласаа против, Парламентот го отфрли предлогот Магдалена Андерсон од социјалдемократите да биде именувана за премиерка“, изјави претседателот на Парламентот, Андреас Норлен.
Сè уште не е јасно кој следен ќе добие задача да ги истражи можностите за формирање Влада.
Гласањето се одржа откако Андерсон во вторникот изјави дека досега не успеала да формира влада по изборите во септември, но дека и натаму е подготвена да се соочи со парламентарно гласање за нејзината кандидатура за премиерка.
Централнолевичарскиот блок на Андерсон тесно победи на септемвриските избори, освојувајќи 176 пратенички места наспроти 173 места на десничарската коалиција, но и натаму постојат поделби во врска со составот на новата влада.