Melike Pala
03 Јули 2026•Ажурирано: 03 Јули 2026
Во Франција се регистрирани дополнителни 2.025 смртни случаи за време на силниот топлотен бран што ја зафати земјата кон крајот на јуни. Според прелиминарните податоци на Националниот институт за статистика и економски студии (INSEE), објавени денес од телевизијата БФМТВ, во периодот од 22 до 28 јуни на национално ниво електронски биле потврдени речиси 9.000 смртни случаи, јавува Анадолу.
Зголемениот број смртни случаи се совпаѓа со силниот топлотен бран што зафати поголем дел од Франција.
Француската министерка за здравство Стефани Рист предупреди дека бројките се привремени бидејќи системот за електронска евиденција на смртни случаи сè уште не ја опфаќа вкупната бројка на починати како последица на горештините во земјата.
Властите предупредија дека моментните податоци треба внимателно да се толкуваат и дека би можело да го потценат целосниот ефект од топлотниот бран.
Според надлежните, електронските потврди за смрт опфаќаат околу 60 отсто од смртните случаи на национално ниво, при што стапката на покриеност значително се разликува во зависност од регионот.
Неколку дена Франција се соочуваше со исклучително високи температури, при што многу региони забележаа температури над 35 Целзиусови степени.