Büşra Nur Çakmak,Handan Kazancı
17 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - „ТРТ Ворлд дигитал“ (TRT World Digital) e прогласен за добитник на четири престижни награди „Лови“ (Lovie Awards), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Наградите, доделени од Меѓународната академија на дигитални уметности и науки (IADAS), се најголемата чест на Европа за извонредноста во дигиталните медиуми“, се вели во соопштението на телевизискиот канал на Турската радио и телевизија (ТРТ).
Победниците за 2021 година се објавени на веб-страницата на наградите „Лови“.
На 11-тото издание на настанот имаше речиси 1.000 пријавени од 30 европски земји.
Дигиталниот видеосеријал на „ТРТ Ворлд“, „Имам приказна за раскажување“, беше прогласен за добитник на наградата „Златно Лови“ (Gold Lovie) во категоријата „Разновидност, правичност и вклученост“.
„Имам приказна за раскажување“ беше исто така прогласена за победник на „Лови“ наградата на публиката (People’s Lovie Award) за истата категорија.
Наградуваната серија од 34 епизоди, продуцирана и претставена од Ахмед Гонеим, обезбедува привлечна, лесна и душевна рефлексија за прашањата кои се движат од политика, расизам, култура, историја и спорт.
„Лови“ наградата на публиката (People’s Lovie Award) беше доделена откако беа дадени речиси 55.0000 гласа од јавноста за да се одреди најдобрата видеосерија во истата категорија“, се додава во соопштението.
„Го сакам џихадот“ (Love Jihad), продуцирано од Ахмет Кан, уште едно дигитално видео на информативниот канал со седиште во Турција, исто така беше почестено со наградата „Златнo Лови“. Исто така, влезе во потесниот избор во категоријата „Вести и политика“.
Проектот раководен од извршниот продуцент Тулин Тезел, исто така беше прогласен за добитник на „Лови“ наградата на публиката во истата категорија.
„„ТРТ Ворлд“ се истакна во својата категорија, покажувајќи фантастична моќ во дигиталната иновација и креативност“, се вели во соопштението во кое е цитиран Николас Руп, извршен претседател на ИАДАС и креативен партнер на „ПОКЕ Лондон“, агенција за дигитално креирање.
„Оваа награда е доказ за вештината, генијалноста и визијата на нејзините креатори“, додаде Руп.
„Наградата „Златно Лови“ е највисоко признание доделено од Меѓународната академија на дигитални уметности и науки, глобална организација на индустриски експерти и технолошки иноватори“, се додава во соопштението.
Цитирајќи го Ахмед ел Амрауи, дигитален менаџер на „ТРТ Ворлд“, во соопштението се додава: „Наградата „Златно Лови“ и „Лови“ наградата од публиката го одразуваат дигиталниот успех на „ТРТ Ворлд“ во следењето на новинарството со човечка вредност, со креативност и највисоки нивоа на стандарди за производство од основањето пред неколку години. Нашиот разновиден персонал од новинари, репортери, уредници и графички дизајнери покажа успех во привлечните локални приказни до глобалната публика.
„Многу сум горд на тимот и сигурен сум дека ќе има уште повеќе успеси?“, додаде Ел Амрауи.
„Наградите „Лови“ се доделуваат на победниците во категориите злато, сребро и бронза по избор на членовите на ИАДАС. Освен тоа, гласањето преку интернет за омилените финалисти ја носи Наградата на публиката во секоја категорија“, се додава во соопштението.