Asiye Latife Yılmaz
09 Април 2026•Ажурирај: 09 Април 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе задржат силно воено присуство во и околу Иран додека „вистинскиот договор“ не биде целосно имплементиран, предупредувајќи на масовен одговор доколку обврските (од договорот) не се почитуваат, пренесува Анадолу
Во објавата на својата социјална платформа Truth Social, Трамп наведе дека сите американски бродови, авиони и воен персонал, заедно со дополнителна муниција и оружје, ќе „останат на своите позиции во и околу Иран сѐ додека постигнатиот вистински договор целосно не се испочитува“.
„Ако поради која било причина не се случи тоа, што е малку веројатно, тогаш 'пукањето започнува', поголемо, подобро и посилно отколку што некогаш некој видел претходно“, рече тој.
Тој додаде дека „немањето нуклеарно оружје“ било договорено „одамна“ и покрај „целата лажна реторика за спротивното“.
„Без нуклеарно оружје и Ормускиот Теснец ќе биде отворен и безбеден“, рече тој.
„Во меѓувреме, нашата голема армија се снабдува (вооружува) и одмора, всушност, со нетрпение очекувајќи го своето следно освојување“, додаде претседателот.
Иран и САД во вторникот ја објавија одлуката за двонеделен прекин на огнот со цел да се отвори пат за конечно решение за завршување на војната што САД и Израел ја започнаа против Иран на 28 февруари, а во која има голем број загинати и повредени.