Hakan Çopur
07 Јуни 2024•Ажурирај: 08 Јуни 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Израел употреби оружје од американско производство во напад на училиште на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), пренесува Анадолу.
Американската телевизија Си-ен-ен објави своја анализа на снимката од нападот на израелската армија врз училиште во Појасот Газа.
Констатирано е дека Израел користел најмалку две мали бомби ГБУ-39 од американско производство во нападот врз училиштето УНРВА во Газа.
Минатата недела беше објавено дека во нападот на Израел врз раселените Палестинци во Рафа се користеле бомби од американско производство, но американската администрација соопшти дека не може да го потврди тоа.
Во напад на израелската армија врз училиште на УНРВА во која раселените Палестинци се засолнилја во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, животот го загубија 40 лица, меѓу кои 14 деца и девет жени.
По израелскиот напад на училиштето пристигнаа осуди од голем број земји.