Muhammet İkbal Arslan
11 Август 2026•Ажурирано: 11 Август 2026
Илјадници пациенти во Појасот Газа сè уште чекаат медицинска евакуација и покрај прекинот на огнот, изјави денес портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), Тарик Јашаревиќ, јавува Анадолу.
Во писмен одговор за Анадолу, Јашаревиќ наведе дека од октомври 2023 година од Газа медицински биле евакуирани 12.913 пациенти, меѓу кои 6.186 деца, заедно со околу 16.000 придружници.
Тој додаде дека медицинските евакуации во моментов се спроведуваат три до четири пати неделно.
„Минатата недела, од 2 до 8 август, беа евакуирани 101 пациент и 164 придружници“, рече Јашаревиќ, нагласувајќи дека илјадници пациенти сè уште чекаат медицинска евакуација.
Министерството за здравство во Газа претходно соопшти дека откако прекинот на огнот стапил на сила на 10 октомври 2025 година, во израелските напади загинале 1.258 лица, а 4.145 биле повредени.
Министерството соопшти дека вкупниот број на загинати во израелските напади врз Појасот Газа од октомври 2023 година достигнал 73.386, а бројот на повредени изнесува 174.256.