Elena Teslova
22 Октомври 2026•Ажурирано: 22 Октомври 2026
Русија и Украина спроведоа уште една размена на телата на загинати војници, соопшти денес Координативниот штаб на Украина за третман на воените заробеници, јавува Анадолу.
Русија ѝ ги предаде на Украина телата на 252 украински војници, а украинската страна ѝ предаде на Русија 25 тела, се наведува во соопштението.
Размената се одржа на граничниот премин Новаја Хута, на границата со Белорусија, се додава во соопштението.
Белоруската државна новинска агенција БелТА ја потврди размената, наведувајќи дека на територијата на Белорусија биле спроведени повеќе од 70 хуманитарни мисии и мисии за размена.