Dildar Baykan
25 Август 2020•Ажурирај: 26 Август 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се спротивстави на договорот за авионите Ф-35 меѓу САД и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), ОЕА ја откажаа трилатералната средба со Израел и САД која беше планирана за в петок, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на веб-страницата „Аксиос“, која се заснова на три извори, се вели дека по постигнатиот договор меѓу Израел и ОАЕ за „целосно нормализирање на односите“, Обединетите Арапски Емирати направеле изненадувачки чекор.
ОАЕ ја откажаа трилатералната средба Израел-САД-ОАЕ планирана за во петок, откако Нетанјаху се спротивстави на договорот за купување авиони Ф-35 меѓу САД и ОАЕ.
Изворите велат дека со откажувањето на трилатералната средба, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) сакале да испратат порака до Израел.
Истите извори додаваат дека тие ја информирале Белата куќа и ОН за откажувањето на состанокот.
„Једиот Ахронот“, еден од водечките израелски весници, напиша дека по договорот за нормализирање на односите меѓу Тел Авив и Абу Даби отворен е патот САД да им продадат авиони Ф-35 и напредни беспилотни летала на Обединетите Арапски Емирати.