İlayda Çakırtekin
26 Мај 2026•Ажурирано: 26 Мај 2026
Неколку лица загинаа откако воз удрил во училиштен автобус во белгиската провинција Источна Фландрија денес, објави дневниот весник „ХЛН“, пренесува Анадолу.
За „ХЛН“ извор потврди дека има неколку загинати во несреќата во која патнички воз утринава удри во училиштен автобус на патен премин.
Според јавувањата, во автобусот имало седум деца и две возрасни лица, меѓу кои и возачот.
На местото на настанот биле распоредени неколку екипи за итна помош.
Според наводите, во возот имало околу 100 патници и не се повредени.
Операторот на железничката мрежа „Инфрабел“ истакна дека во моментот на судирот светлата на патниот премин биле црвени, а рампите биле спуштени.
Оттаму соопштија дека се истражуваат точните околности за несреќата.