Serdar Dincel
27 Мај 2026•Ажурирај: 27 Мај 2026
Меѓународниот аеродром во Тебриз, кој се наоѓа во северозападниот дел на Иран, денес ќе биде повторно отворен, соопшти портпаролот на државната Агенција за цивилно воздухопловство, јавува Анадолу.
„Аеродромот во Тебриз, кој беше цел на напади за време на војната, сега е целосно оспособен за работа од страна на иранските експерти и повторно ќе биде отворен во среда“, државната телевизија ИРИБ пренесе изјава на официјален претставник.
Аеродромот се отвориа заедно со другите терминали кои веќе ја продолжија својата работа по прекините поради војната со САД и Израел.
Претходно неделава полудржавната иранска новинска агенција Фарс, исто така, повикувајќи се на оваа агенцијата за авијација, соопшти дека веќе 20 аеродроми повторно се отворени.
Регионалните тензии ескалираа откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во февруари. Техеран возврати со напади насочени кон Израел, како и кон американските сојузници во Персискиот Залив, и со затворање на Ормускиот Теснец.
Договорот за прекин на огнот, кој беше постигнат со посредство на Пакистан, стапи на сила на 8 април, а подоцна американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи на неодредено време.