Serdar Dincel
01 Јуни 2026•Ажурирано: 01 Јуни 2026
Израелската армија денес соопшти дека еден нејзин војник е убиен, а тројца се повредени во Јужен Либан, во услови на тековни борби со Хезболах и континуирани израелски прекршувања на прекинот на огнот, пренесува Анадолу.
Еден од повредените војници е во сериозна состојба, а двајца се здобиле со полесни повреди, соопшти армијата, додавајќи дека сите се пренесени во болница на лекување.
Според „Тајмс оф Израел“ , војниците настрадале во текот на ноќта од напад на беспилотно летало што го извршил Хезболах.
Овие информации доаѓаат во време кога израелските сили ги продолжуваат нападите врз Либан и покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 17 април, а подоцна беше продолжен за 45 дена почнувајќи од 17 мај, по индиректните преговори водени со посредство на САД.
Во израелските напади од 2 март досега загинаа повеќе од 3.400 луѓе во Либан, покажуваат податоците на либанското Министерство за здравство.