Şahin Demir
28 Мај 2026•Ажурирај: 28 Мај 2026
Израелската армија денес соопшти дека извршила „прецизен напад“ врз либанскиот главен град Бејрут, јавува Анадолу.
„Пред малку, Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија прецизен напад врз Бејрут. Повеќе детали ќе објавиме дополнително“, се вели во краткото соопштение на армијата.
Веднаш не беа соопштени детали во врска со целта или дали има жртви.
Нападот следуваше неколку часа откако во израелските напади низ Јужен Либан загинаа најмалку 15 лица, меѓу кои и деца, што претставува континуирано прекршување на договорот за прекин на огнот, соопштија либански официјални извори.