Oliver Towfigh Nia
22 Јуни 2026•Ажурирано: 22 Јуни 2026
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за тековната криза околу стратегиски важниот Ормуски Теснец, пренесува Анадолу.
На крајот Трамп „го стави чепот на Ормускиот Теснец. Но ние имаме интерес повторно да го извадиме“, изјави Писториус за јавниот сервис АРД.
Сепак, еден од предусловите за германска воена (Бундесвер) мисија за обезбедување на бродовите во теснецот е согласноста на соседните земји, Иран и Оман, додаде тој.
Германската Влада постојано ја нагласува потребата од слободен премин низ Ормускиот Теснец.
Писториус предупреди дека парламентарното одобрение од Бундестагот за мисија на Бундесверот во Ормускиот Теснец веројатно нема да дојде брзо.
„Целосно е отворено (прашањето)“ дали Бундестагот ќе донесе резолуција пред летниот одмор“, рече тој.
Од една страна, бидејќи не е јасно дали преговорите меѓу САД и Иран во Швајцарија, всушност, ќе доведат до стабилен прекин на огнот, а од друга страна, мандатот од Бундестагот бара меѓународна рамка, додаде Писториус.
Иако би било „пожелно“ ова да се случи пред летниот одмор, „на крајот на краиштата, тоа е одлука што Бундестагот мора да ја донесе“, рече министерот.