Saadet Gökce
11 Ноември 2026•Ажурирано: 11 Ноември 2026
Најмалку 11 полицајци загинаа, а 12 се повредени денес во областа Кохат, во северозападниот дел на Пакистан, соопштија безбедносни извори за Анадолу.
Вооружени напаѓачи отвориле оган кон полициска екипа што се упатила да спроведе рација против нелегално ископување злато, изјави портпаролот на полицијата во Кохат, Мухамед Науман Зеб, за локалниот весник „Експрес трибјун“.
Нападот се случил во областа Дарбокач Џаландар Банда, меѓу областите Кохат и Карак, објави весникот.
„Во нападот биле запалени и пет полициски возила“, рече Зеб.
Во покраината Хајбер-Пахтунхва во изминатите месеци се случија серија напади врз полициски службеници.
Според податоците на глобалната организација за следење на конфликти АКЛЕД (ACLED), терористичките напади во Пакистан се зголемуваат секоја година од 2022 година.
Бројот на нападите во 2025 година достигнал 2.425, што е речиси четирикратно зголемување во споредба со 658 напади во 2022 година, покажуваат податоците на АКЛЕД.