Fatma Zehra Solmaz
22 Јуни 2026•Ажурирано: 22 Јуни 2026
Анкета спроведена во САД покажа дека 37% од Американците сметаат дека постигнатиот договор е со поголема корист за Иран, пренесува Анадолу.
Си-би-ес њуз и ЈуГов ја спроведоа анкетата во перидот помеѓу 17 и 19 јуни, во која учествуваа 2.519 Американци, во врска со постигнатиот договор со Иран.
Според анкетата, 37% од испитаниците рекле дека веруваат оти договорот е „подобар за Иран“, додека 22% рекле дека е „подобар за САД“.
Околу 78% од испитаниците рекле дека го поддржуваат прекинувањето на конфликтот меѓу САД и Иран, а 22% се за продолжување на конфликтот „додека Иран не се предаде“.
За тоа дали САД трајно ја запреле нуклеарната програма на Иран, 31% од испитаниците рекле „да“, додека 69% изразиле скептицизам.
На прашањето дали Иран ќе претставува закана за регионот во наредните месеци, 59% рекле дека „веројатно/дефинитивно ќе претставува“, додека 40% рекле дека „веројатно/дефинитивно нема да претставува“.
Во врска со тоа дали конфликтот со Иран вредеше за вложеното од страна на САД, 31% одговориле со „да“, додека 69% со „не“.
Во меѓувреме, 36% од испитаниците го одобруваат начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп се справува со ситуацијата во врска со Иран, додека 64% не го одобруваат.