İlayda Çakırtekin
24 Август 2026•Ажурирано: 24 Август 2026
Унгарскиот премиер Петер Маѓар денес изјави дека борбен авион што им припаѓал на одбранбените сили на земјата се урна во близина на Солнок, при што пилотот безбедно се катапултирал, јавува Анадолу.
„Од причини што сè уште не се познати, еден од борбените авиони 'Грипен' на унгарските одбранбени сили се урна во близина на Солнок пред неколку минути. Пилотот успешно се катапултирал“, напиша Маѓар на американската платформа за социјални мрежи Фејсбук.
Тој рече дека во тек е истрагата, а министерот за одбрана Ромулуш Рушин-Сенди е на пат кон местото на настанот.
„Министерот за одбрана наскоро ќе даде нови информации. Според прелиминарниот извештај, нема повредени и не е предизвикана штета на цивилната инфраструктура“, додаде Маѓар.