Stipe Mayiç
13 Април 2016•Ажурирај: 14 Април 2016
ЗАГРЕБ (АА) – Жупанскиот суд во Загреб, денес побара додатно вештачење за да може да се донесе пресудата во случајот “Планинска” за Иво Санадер и останатите обвинети во овој случај, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради непојавувањето на застапникот Месник Фиолиќ, чиј сопственик Стјепан Фиолиќ беше еден од обвинетите во случајот “Планинска”, заради потребата на додатно вештачење, Жупанскиот суд во Загреб го одложи донесувањето на пресуда на бившиот хрватски премиер Иво Санaдер.
Судиката утврди дека не постои стручно мислење на вештаците и дека е потребно да се направи дополнително градежно вештачење, бидејќи судот не е надлежен за такви проценки.
Претставникот на Кабинетот за спречување на корупција и организиран криминал на Хрватска (УСКОК) Тончи Петковиќ, по одложувањето не пресудата не сакаше да даде никаков коментар, само на кратко рече дека до сега се објавени повеќе вештачења.
Случајот “Планинска” е поврзан со купувањето и намалувањето на вредноста на зградите на улицата Планинска која од тогашниот парламентарен претставник на партијата ХДЗ 2009 година, го купи Министерството за земјоделство на чие чело беше Петар Чобанковиќ. Иво Санадер во придружба на адвокатот без коментар го напушти Жупанскиот суд.