????? ??????????
13 Ноември 2015•Ажурирај: 15 Ноември 2015
ЗАГРЕБ (АА) – Откако двете најголеми коалиции ХДЗ и СДП на изборите во неделата не го добија потребниот број од 76 мандати со самостојно формирање на новата хрватска Влада, клучната улога ја доби Мост со освоени 19 мандати. И двете коалиции сакаат да ги придобијат членовите на мост, јавува Anadolu Agency (АА).
Претставниците на патриотската коалиција денеска се состанаа во седиштето на ХДЗ со цел да се подготват за преговорите со останатите 18 членови на Мост кои влегуваат во парламентот.
На изборите патриотската коалиција освои 59 места, што значи дека им се потребни уште 17 места за да бидат 76 како би формирале мнозинска влада. Милановиќ ја предводи коалицијата расте Хрватска, која освои 56 пратенички места, со тоа што IDS со три освоени мандати е очекуван коалициски партнер, како и малцинствата.
Доколку поголемиот дел од мандатот на Мост не се приклучи на една од коалициите, ХДЗ коалиција патриотска или СДП расте Хрватска, Хрватска ќе чека нови парламентарни избори со неизвесни резултати, сметаат аналитичарите.