политика

Туск со критики до Трамп за неговите одлуки на глобално ниво

Туск ги критикуваше одлуките на Трамп за повлекувањето на САД од Договорот за нуклеарната програма на Иран, повлекувањето од Договорот од Париз за климата, префрлувањето на Амбасадата на САД во Ерусалим и за даноците на челик и алуминиум.

Bojana Stojanovic  | 16.05.2018 - Обновена : 17.05.2018
Туск со критики до Трамп за неговите одлуки на глобално ниво

Belgrad

СОФИЈА (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск вчера упати критики до Доналд Трамп, претседателот на САД и неговата администрација пред одржувањето на Самитот ЕУ - Западен Балкан, јавува Anadolu Аgency (AA).

Туск ја коментираше неодамнешната одлука на претседателот на САД, Доналд Трамп, осврнувајќи се на повлекувањето на САД од Договорот за нуклеарната програма на Иран, повлекувањето на САД од Договорот од Париз за климата, како и преместувањето на Амбасадата на САД во Ерусалим, и за даноците на челик и алуминиум.

„Гледајќи ја последната одлука на Доналд Трамп, некој дури може и да помисли: Со такви пријатели, на кого му се потребни непријатели, но искрено, ЕУ треба да биде благодарна. Благодарение на него, се ослободивме од сите илузии. Тој направи да разбереме дека ако ви е потребна рака за помош, ќе ја најдете својата“, рече Туск, додавајќи дека Европа мора да стори сé што е во нејзина моќ за да се заштити.

Тој рече дека по повлекувањето на САД од Договорот за нуклеарната програма на Иран, потребен е обединет фронт на ЕУ, за да се соочи со нов феномен „хирова самодоверба на американската администрација“.

„Посакувам лидерите на ЕУ уште еднаш да потврдат дека ЕУ останува при Договорот сè додека Иран го прави тоа, бидејќи Договорот е добар и за европската и за глобалната безбедност, која е неопходна за негово одржување“, додаде Туск.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.