Ekip
12 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
АШХАБАТ (АА) - Во главниот град на Туркменистан, Ашхабат, денес се одржа Конференција за неутралноста по повод 20-годишнината од прогласувањето на неутралноста на оваа земја. Декларацијата за формалната неутралност на Туркменистан, ОН ја прифатија во 1995 година, а политиката на неутралност на Туркменистан зазема многу важно место во уставот на таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бедримухамедов, во своето обраќање како домаќин на конференцијата, рече дека неговата земја одбра модел на позитивна неутралност, кој е формиран на принципите на политиката на мирот, немешањето во работите на другите земји, почитување на независноста и територијалниот интегритет на другите земји, како и да не земаат учество во никаква воена формација.
Бедримухамедов се осврна и на темата за извовот на гас на оваа земја, а во таа пригода рече дека преговорите за извоз на туркменистанскиот гас во Европа продолжуваат.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во своето излагање истакна дека Турција е првата земја која ја призна независноста на Туркменистан во 1991 година, односно е првата земја која отвори своја амбасада во главниот град Ашхабат.
Според неговите зборови односите помеѓу Турција и Туркменистан во иднина ќе бидат уште поквалитетни.
„Турција ги поддржува чекорите и иницијативите на Туркменистан ви пружањето поддршка на регионалниот и глобалниот мир, стабилноста и солидарноста. Како што бевме и досега, и во следниот период ќе бидеме покрај Туркменистан“, рече Ердоган.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека Русија и Турција мора да најдат начин да направат барем по половина чекор за намалување на напнатоста и повторно да ги воспостават пријателските односи.
Претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбајев исто така порача дека Турција и Русија мора да ја решат меѓусебната напнатост.
На Конференцијата за неутралноста во Ашхабат присуствуваа бројни државници од регионот, а од просторите на Балканот присуствуваше претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ.