Rabia İclal Turan
08 Јули 2026•Ажурирано: 08 Јули 2026
Претседателот Доналд Трамп формално го извести Конгресот за намерата на неговата администрација да ја отстрани Сирија од американската листа на држави што го спонзорираат тероризмот, соопшти денес државниот секретар Марко Рубио, јавува Анадолу.
„Денес, претседателот Трамп го извести Конгресот дека неговата администрација има намера да ја отстрани Сирија од листата на држави што го поддржуваат тероризмот. За оваа одлука да стапи на сила, потребно е да поминат 45 дена од ова известување. Ова е уште еден историски потег на претседателот Трамп со кој сака да му даде шанса на сирискиот народ да изгради подобра иднина“, изјави Рубио.
Потегот следува по средбата на Трамп со сирискиот претседател Ахмад ал-Шара денес во Анкара, каде што тој најави дека има намера да ја тргне Сирија од оваа листа.
На прашањето дали ќе ја отстрани Сирија од листата, Трамп одговори: „Мислам дека ќе го сторам тоа, зошто да не? Тој заврши одлична работа“, мислејќи на Ал-Шара.
Рубио рече дека отстранувањето на Сирија од листата ќе ги „отклучи меѓународната трговија и инвестициите“ и ќе ѝ даде на Сирија „шанса за обнова“, додавајќи дека „стабилна, обединета Сирија, која е во мир со себе и со своите соседи, не е од корист само за регионот, туку и за целиот свет“.