политика

Телефонски разговор Заев - Столтенберг: Остануваме посветени на евроатлантските интеграции

Премиерот Заев упати благодарност за поддршката на НАТО за евроатлантските интеграции и истакна дека Северна Македонија останува посветена на заокружувањето на процесот за полноправно членство во Алијансата

Ekipa  | 21.10.2019 - Обновена : 22.10.2019
Телефонски разговор Заев - Столтенберг: Остануваме посветени на евроатлантските интеграции

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кој разменија мислења за одлуката на Европската Унија (ЕУ) за одложување на стартот на преговорите за членство во Унијата на Северна Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Владата се истакнува дека премиерот Заев го пренел разочарувачкото и фрустрирачко расположение на граѓаните, за како што се вели, историската грешка на ЕУ да не ги одобри очекуваните преговори за пристапување во полноправно членство наспроти исполнувањето на сите услови од страна на Северна Македонија.

„Тоа не треба и нема да влијае на остварувањето на втората од двете најголеми стратешки цели на државата – членството во ЕУ, и од спроведувањето на реформите до крај за да ги имплементираме европските вредности во сите наши институции, во сите пори на нашето живеење“, истакнал Заев во разговорот со Столтенберг.

Премиерот Заев упатил благодарност за поддршката на НАТО за евроатлантските интеграции и истакнал дека Северна Македонија останува посветена на заокружувањето на процесот за полноправно членство во Алијансата, како нејзин стратегиски и суверен избор да биде следната, 30-та земја членка.

Тој го информирал генералниот секретар за резултатите од вчера одржаната лидерска средба, и за заеднички договорениот датум за организирање предвремени избори на 12 април идната година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın