Dzihat Aliju
05 Мај 2026•Ажурирај: 05 Мај 2026
Северна Македонија и Косово ќе ја продлабочуваат соработката во заштитата на животната средина, пренесува Анадолу.
Во рамките на петтиот Меѓународен форум за води во Истанбул, министерот за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, Муамет Хоџа, оствари билатерална средба со министерката за животна средина на Косово, Фиторе Пацоли.
На средбата беше разговарано за унапредување на билатералната соработка во областа на заштитата на животната средина и управувањето со водните ресурси, како и за заеднички пристап кон регионалните предизвици поврзани со климатските промени.
„Двете страни ја истакнаа важноста на имплементацијата на европските стандарди и размената на искуства од тој процес“, се наведува во соопштението на Владата.
Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на соработката во наредниот период, преку заеднички иницијативи и проекти што ќе придонесат за одржливо управување со природните ресурси и заштита на животната средина во регионот.