Zülfiya Yakup
07 Декември 2015•Ажурирај: 08 Декември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Косовската претседателка Атифете Јахјага денеска почна нов циклус на разговори со политичките лидери на Косово и за можностите за излез од актуелната политичка ситуација во Косово, јавува Anadolu Agency (АА).
Јахјага најпред прими три опозициски лидери: Висар Имери од Движењето "Самоопределување", Рамуш Харадинај, од Алијанса за иднината на Косово и Фатмир Лимај од иницијатива за Косово.
Лидерите на опозицијата освен усно нивните барања ги пренесои и во писмена форма, поточно тие бараат поништување на Договор за Општините со српско мнозинство на Косово и демаркацијата на границата со Црна Гора.
Имери по состанокот, рече дека без исполнување на овие барања на опозицијата нема да направи никакви отстапки и дека нема да биде можно да се нормализира работата на косовските институции.
Премиерот Мустафа, по состанокот со претседателот, накратко рече дека разговарале за иницијативата на претседателот да се најде начин за излез од политичката криза. Според него, излезот од кризата мора да биде врз основа на законите и Уставот на Косово.
Од канцеларијата на претседателот нема официјална изјава во врска со овие средби.
Опозицијата во петокот ја отфрли официјална покана за дијалог која беше упатена од страна на премиерот Мустафа, а во текот на викендот во Приштина во посета беше и претседателот на Собранието на Албанија, Илир Мета, кој се обиде преку разговори со претставниците на косовската влада и опозицијата да најдат решение за криза. Косовската опозиција речиси три месеци со солзавец ја блокира работата на Собранието барајќи да се повлече договорот на Општините со српско мнозинство и за демаркација на границата со Црна Гора.