Tutku Şenen
09 Декември 2015•Ажурирај: 10 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Известувачот на Европскиот парламент за Турција, Кати Пири, тврди дека Европа долго време не ѝ придаваше важност на бегалската криза во Турција бидејќи немала проблем на нејзино тло, но дека ескалацијата на бегалската криза во Европа го наметна сега заедничкото решение како нужно, јавува Anadolu Agency (АА).
„Турција вложи големи напори за решавање на кризата. Да ја искористиме оваа можност да го подобриме животот на бегалците. Турција направи многу, а сите се сложуваме дека може уште многу да се направи“, рече Пири.
Истакнувајќи дека бегалската криза не е можно да се реши за два или три месеци, Пити кажа дека сите мора да бидат реални, додаде дека таа криза во Турција е постојана веќе четири години, и дека ситуацијата во Сирија не се поправа.
„Без решение на сириската криза, нема да можеме да ја решиме оваа бегалска криза“, порача Пири.
Осврнувајќи се и на борбата против терористичката организација ДАЕШ, Пири рече дека тоа е прашање за кое е неопходна меѓународна соработка и дека ниту една земја не може сама да води борба против таа глобална закана за мирот и стабилноста.
„Природно е Република Турција да е сојузник во таа борба бидејќи е важна членка на НАТО и кандидат за членство во Европската унија“, нагласи Пири.
Пири ѝ се заблагодари на турската влада за напорите кои ги вложува за да не дојде до ескалација на тензиите на релација Анкара-Москва, откако турската војска, на 24-ти ноември, собори руски авион кој го повреди турскиот воздушен простор.
„Искрено се надевам дека тензиите кои испливаа на површина помеѓу Русија и Турција ќе бидат решени“, заклучи Пири.