Парламентарни избори во Хрватска: Изборните места отворени од 7 часот
Во Хрватска од 7 часот отворени се скоро седум илјади изборни места на кои за осмиот состав на Саборот, со 151 пратеник, право на глас ќе имаат околу 3,8 милиони бирачи од земјата и од 48 држави од светот
?????
08 Ноември 2015•Ажурирај: 10 Ноември 2015
ЗагребУтрово од 7 до 19 часот отворени ќе бидат избирачките места во Република Хрватска на кои за осмиот состав на Саборот ќе имаат право да се изјаснат скоро 3,8 милиони гласачи, јави дописникот на Anadolu Agency (AA).
На листите во вкупно 12 изборни единици во земјата и во странство вкупно има 2.311 изборни кандидати од кои 151 кандидат ќе го сочинува новиот осми состав на Хрватскиот Сабор. Кандидатите се распоредени на 166 листи, од кои 161 листа е партиска, пет се независни а 41 се кандидати преставници на малцинствата.
Гласањето во 48-те држави низ светот започна вчера, сабота, по локалното време на државата во која се гласа. Во странство право на глас имаат вкупно 36.276 регистрирани бирачи кои не се со живеалиште во Републиика Хрватска, а најмногу се регистрирани во БиХ, околу 22.000.
Избирачкото право може да се докаже на самиот ден на изборите преку проверка во конзулатите т.е амбасадите, во странство тоа се 7-ми и 8-ми ноември, и ако се даде потврда може да се гласа, им порача на избирачите претседателот на Државната изборна комисија, Бранко Хрватин.
Бројот на избирачи со живеалиште во Хрватска изнесува 3.755.065 избирачи, а во дијаспората тој број изнесува вкупно 3.791.341 избирачи. Во Хрватска има рекордни 6.826 избирачки места, од нив 252 се посебни изборни места како затворите и војската, а додатни 114 места се отворени во странство.
Изборните места во земјата и во странство се затвораат во 19 часот, до кога трае и изборниот молк кој започна на полноќ во петок кон сабота. Државната изборна комисија во текот на гласањето, во 12 и 17 часот, ќе излезе со податоци за процентот на излезеност на гласачите.
Во 22 часот ДИК ќе ги објави првите непотполни изборни резултати, а на полноќ ќе се објават поголемиот дел обработени гласови, со податоци од странство. Пратениците во Саборот се бираат со тајно гласање на мандат од четири години.
Во десет изборни единици се избираат по 14 пратеници, дијаспората бира тројца пратеници во 11 изборни единици, а припадниците на националните малцинства бираат осум пратеници во 12 изборни единици. Ова се првите парламентарни избори во современата историја на Република Хрватска на кои бирачите ќе можат да го искористат правото на преференциски глас, односно ќе имаат право да заокружат кандидат на кој му даваат предност пред останатите на листата.
Кандидатот кој на таков начин освои најмалку десет проценти од гласовите од својата листа ќе има предност пред другите кандидати, без оглед на местото на листата.