Meltem Bulur
09 Септември 2016•Ажурирај: 10 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Турција кога е во прашање безвизниот режим, ажурирање на Царинската унија, а особено за прашањето за згрижување на сириските бегалци и давање поддршка во образованието на децата-бегалци, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, која денеска престојува во Анкара, јавува Anadolu Аgency (AA).
Могерини денеска во Анкара се обрати на прес-конференција за новинарите по состанокот за политичкиот дијалог меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) на високо ниво, а во таа пригода порача дека многу важен факт за ЕУ е тоа што имаше шанса со Турција, како земја-кандидат, отворено, искрено и со почит да се зборува за дијалог на високо ниво и на други теми.
Таа испрати порака со сочувство до турскиот народ и до институциите на државата, по повод обидот за државен удар на 15 јули, и додаде дека со почит го поздравува ставот на опозициските партии во Турција, кои исто така застанаа во заштита на демократијата и против државниот удар. Могерини порача дека ЕУ уште од почетокот, по државниот удар го покажа својот став против овој напад.
„Со највисок можен глас го осудивме овој обид што се случи во сите институции“, рече Могерини. Коментирајќи ја денешната средба, Могерини порача дека и таа има многу позитивна порака.
„Ние сме посветени на дијалогот и на заедничката работа на сите полиња на соработка. Има уште многу да се направи во областа на билатералните односи, надворешната политика и регионалната соработка. Ќе продолжиме со нашата работа на еден конструктивен начин, фокусирајќи се на заедничките пречки и интереси“, рече Могерини.