??????? ??????
17 Ноември 2015•Ажурирај: 18 Ноември 2015
ПРИШТИНА (АА) – Според последните податоци на косовската полиција, во денешните судири со поддржувачите на опозицијата денес пред зградата на Собранието во Приштина, повредени се 17 полицајци, од кои двајца потешко, но се вон животна опасност. Оштетени се осум цивилни, едно службено и четири полициски возила. Нанесена е и значителна материјална штета на собраниската зграда, како и на полициските униформи и друга опрема, пренесува Anadolu Agency (АА).
Претходно е соопштено дека полицијата уапсила двајца насилни демонстранти, кои се спроведени во полициска станица на разговор и понатамошна криминалистичка обработка.
Кај нив пронајдени се две шишиња молотов коктел. Полицијата наведе дека се почна така што за време на подготвување на седницата неколку пратеници за да попречуваат одржување на седниата, се приближија на корднонот полицајци.
После тоа, внатре, во пленеарната сала еден пратеник фрли сомнително средство, се сомнева дека се работи за солзавец, како и спреј во правец на полицијата, а и во ходниците на Собранието, по излегувањето на пратениците од собраниската сала.
Од последниците на солзавецот еден пратеник побара лекарска помош и на истиот медицинската помош му е прижена од страна на здраствените служби од косовската полиција. Во врска со случувањата внатре во собраниската сала и фрлањето сомнителни средства, полицијата во координација со надлежниот обвинител ги презема неопходните законски мерки на истрагата и работи на верификација на сомнителното средство.
Собранието на Косово, на вонредната седница одржана денеска во имрповизирана сала, без присуство на опозицијата, сепак, во прво читање го усвои Законот за буџет за 2016 година.