Amir Latif Arain
25 Мај 2026•Ажурирано: 25 Мај 2026
Кинескиот претседател Си Ѓинпинг денес оствари средба со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во Пекинг, додека Пакистан продолжува со дипломатските напори за ставање крај на конфликтот меѓу САД и Иран, објавија кинеските државни медиуми, пренесува Анадолу.
Шариф престојува во четиридневна официјална посета на Кина и претходно во текот на денот беше пречекан од кинескиот премиер Ли Ќијанг во Големата народна сала.
Посетата доаѓа во време кога Кина и Пакистан ја одбележуваат 75-годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји оваа година.
Претходно денес, Шариф одржа разговори со Ли и рече дека развојот на случувањата кон ставање крај на конфликтот меѓу САД и Иран „се движи во вистинската насока“.