?????
10 Ноември 2015•Ажурирај: 10 Ноември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Премиерот на Косово Иса Мустафа изрази длабоко жалење поради недостатокот на меѓународен консензус за приемот на Косово, како полноправен член на Организацијата на Обедитетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) .
Мустафа престојува во официјална посета на главниот град на Литванија, Вилниус, од каде порача дека Косово нема да се откаже од својата евро-атланска агенда и дека ќе ги убеди сите дека Косово заслужува да биде дел од сите меѓунардни организации, пренесува Anadolu Agency (AA).
Недостатокот на поддршка за прием на Косово во УНЕСКО, според него, ќе ги поттикне државните институции да ја зајакнат примената на основните принципи на заштита и негување на заедничките вредности и различности, како и придонесот кон мирот и стабилноста.
Премиерот Мустафа рече дека Министерството за надворешни работи и другите институции направија исклучителна работа лобирајќи за приемот на Косово во УНЕСКО, која не беше вперена против ниту една соседна земја и етничка заедница во Косово.
“За жал, јасната прозападна ориентација на Косово како и неговата спремност да ги спроведе сите конструктивни агенди и пречеше на Србија, која константно преземаше, посебно за време на овој процес, расистичка кампања против Косово.
Ова влијаеше на некои земји кои делат заеднички интереси со сојузниците на Србија“ наведе Мустафа.
Тој додаде дека Косово е сепак одлучно неуморно да работи ја јакнење на својата држава и да го промовира како успешен проект, кој им служи на интересите на неговите граѓани, без разлика.
Косовскиот премиер Мустафа им се заблагодари на сите кои го поддржаа Косово во процесот на зачленување во УНЕСКО.