Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
политика

Зеленски: Украина повторно поднесе кандидатура за членство во ОЕЦД

- „И денес преземаме чекор во оваа насока – премиерот повторно поднесе официјално барање за членство на Украина во ОЕЦД. Се надеваме ќе добиеме статус на кандидат веќе оваа есен“
Burç Eruygur
24 Јуни 2026•Ажурирано: 24 Јуни 2026
Content media
ИСТАНБУЛ

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека неговата земја повторно поднела кандидатура за членство во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), пренесува Анадолу.

Во соопштението објавено на американската компанија за социјални медиуми Х синоќа, Зеленски порача дека членството на неговата земја во ОЕЦД е „многу важно за нас“, за време на средбата со генералниот секретар на организацијата, Матијас Корман, во украинскиот главен град Киев.

„И денес преземаме чекор во оваа насока – премиерот повторно поднесе официјално барање за членство на Украина во ОЕЦД. Се надеваме ќе добиеме статус на кандидат веќе оваа есен“, рече Зеленски.

Следна фаза е Мапата на патот за членството на Украина во ОЕЦД, за која се разговараше на средбата, истакна тој, додавајќи дека посебно внимание им посветиле и на напредокот на Украина на патот кон евроинтеграциите и имплементацијата на реформите неопходни за брз напредок кон членство во ЕУ.

„Разговаравме и за реализацијата на пакетот финансиска поддршка од Европската Унија, засилувањето на санкциите за Русија, како и за соработката со партнерите“, изјави Зеленски, изразувајќи благодарност до Корман и ОЕЦД за нивната поддршка на украинскиот реформски пат и напорите за постигнување мир.

Украина и ОЕЦД, иако Киев не е членка на организацијата, соработуваат во рамките на четиригодишната земјоделска програма што започна во јуни 2023 година.

ОЕЦД има 38 земји членки, меѓу кои и Турција, а има цел да ги стимулира економскиот напредок и глобалната трговија. Своето сегашно име го има од 1961 година.

Претходно вчера Корман во Украина разговараше и со премиерката Јулија Свириденко, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и министерот за одбрана Денис Шмихал.

news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Претходно
 Мицкоски: Се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти

Мицкоски: Се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откриен нов случај на птичји грип, Австралија останува во состојба на висока тревога

Пакистан: САД и Иран ќе воспостават линија за комуникација со цел избегнување инциденти

Зеленски: Украина повторно поднесе кандидатура за членство во ОЕЦД

Кина ги надмина САД со најмоќниот суперкомпјутерски систем во светот

Претседателот на иранскиот Парламент: Ставањето крај на војната во Либан исто толку важно колку и на војната со Техеран

Пакистан: Техничките преговори меѓу САД и Иран ќе продолжат следната недела

Велика Британија, Франција и Германија велат дека кинеската „нова“ активност околу Тајван „го загрозува“ регионот

Погледни сè