Şeyma Erkul Dayanç
28 Април 2026•Ажурирај: 28 Април 2026
Европа мора да биде подготвена за сите можни сценарија во однос на војната во Украина, изјави денес естонскиот претседател Алар Карис за време на државната посета на Финска, јавува Анадолу.
„Европа мора да биде подготвена за секаков можен развој на настаните во мировниот процес за Украина“, изјави Карис на заедничката прес-конференција со финскиот претседател Александар Стуб.
Тој рече дека Европа мора да присуствува на сите разговори за сопствената безбедност и треба да учествува од позиција на сила, со цел да придонесе за праведен и траен мир во Украина.
Карис додаде дека нема суштински напредок во мировните напори насочени кон ставање крај на војната на Русија во Украина, нагласувајќи дека ситуацијата бара континуирано внимание од европските земји.
Тој потенцираше дека овој конфликт останува клучен во поглед на европската безбедност и нагласи дека поддршката за Украина мора да задржи континуитетот, независно од другите глобални случувања.
Естонскиот претседател, исто така, ја нагласи неопходноста од поблиска регионална соработка во рамките на безбедноста и одбраната, особено меѓу нордиските и балтичките земји.
Тој додаде дека Естонија и Финска споделуваат заедничко безбедносно опкружување и дејствуваат во рамките на тесно поврзан стратегиски простор, притоа посочувајќи ја потребата од континуирана меѓусебна координација.