Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
политикаБалкан

Гаши: Северна Македонија е посветена на ЕУ, НАТО и регионалната соработка

- „Во услови на големи геополитички предизвици, со кои се соочува целиот свет, наш заеднички фокус остануваат соработката, прогресот, јакнењето на поврзаноста...“
Aida Cako
24 Април 2026•Ажурирај: 24 Април 2026
Content media

Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, изјави дека земјата останува цврсто посветена на европската интеграција, членството во Европската Унија (ЕУ), НАТО и унапредувањето на регионалната соработка, пренесува Анадолу.

Во својот говор како домаќин на 20-тата Конференција на претседатели на парламенти на земјите од Јадранско-јонската иницијатива, Гаши нагласи дека ваквите средби претставуваат значајна можност за размена на искуства и за заеднички напори во утврдувањето на приоритетите за наредниот период, соопшти собраниската прес-служба.

„Во услови на големи геополитички предизвици, со кои се соочува целиот свет, верувам дека наш заеднички фокус остануваат соработката, прогресот, јакнењето на поврзаноста, како и негувањето на вредностите што промовираат мир, толеранција и меѓусебно разбирање“, изјави Гаши.

Тој потенцира дека за Северна Македонија, како држава со стратегиска цел за полноправно членство во ЕУ, од особено значење е активното учество во процесите на регионална соработка и искористувањето на искуствата што придонесуваат за европската интеграција.

Гаши додаде дека земјата останува силно посветена на европскиот пат и нема да отстапи од оваа стратегиска ориентација и покрај предизвиците во пристапниот процес. Во таа насока тој посочи дека реформите продолжуваат во клучните области, како што се судството, борбата против корупцијата, образованието, здравството и економијата.

Осврнувајќи се на парламентарната дипломатија, тој ја истакна важноста од активно учество на Собранието и пратениците на меѓународната сцена, со цел зајакнување на пријателствата, соработката и глобалното единство.

Гаши го нагласи и мултиетничкиот карактер на државата, истакнувајќи ја потребата од градење соживот, толеранција и добрососедски односи, додавајќи дека стабилноста и развојот на земјата се тесно поврзани со просперитетот на целиот регион.

Во тој контекст, тој го издвои членството во НАТО во 2020 година како стратегиско достигнување што ја зајакнало безбедноста и суверенитетот на државата.

„Тоа претставува значаен исчекор кон зајакнување на нашата безбедност и стабилност и е силна гаранција за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија“, истакна Гаши.

На крајот, претседателот на Собранието ја нагласи важноста на инфраструктурните проекти, како коридорите 8 и 10, како и на регионалната соработка и развојот на туризмот, оценувајќи дека тие се клучни за економскиот раст и за приближување на земјите од регионот.

news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Словачката министерка Сакова: „Дружба“ повторно стартуваше со испорака на руска нафта

Словачката министерка Сакова: „Дружба“ повторно стартуваше со испорака на руска нафта

Следно

Еден работник загина, тројца се повредени по затрупување со земја на градилиште во Скопје

 Еден работник загина, тројца се повредени по затрупување со земја на градилиште во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден работник загина, тројца се повредени по затрупување со земја на градилиште во Скопје

Австралија обезбеди дополнителни резерви на дизел поради тензиите на Блискиот Исток

Иран ќе ја ослободи Русија од царини за транзит низ Ормускиот Теснец

Гаши: Северна Македонија е посветена на ЕУ, НАТО и регионалната соработка

Неколку торнада ја погодија американската сојузна држава Оклахома

Јапонија од 1 мај ќе ослободи национални нафтени резерви за 20 дена поради енергетскиот шок на Блискиот Исток

Сирија го приведе клучниот офицер од ерата на Асад за злогласниот масакр во Тадамон во 2013 година

Погледни сè