Gorana Jakovljevic
10 Декември 2015•Ажурирај: 11 Декември 2015
БАЊА ЛУКА (АА) - Владата на Република Српска на денешната вонредна седница одлучи, заедно со сите институции од овој БиХ ентитет, да ја прекинат соработката со обвинителството, Судот на БиХ и со СИПА, изјави министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач, јавува Anadolu Agency (АА).
Освен тоа Владата на Република Српска му нареди на министерството за внатрешни работи да го спречи секој обид за влез и претрес на републичките и локалните институции на Република Српска.
На денешната седница Владата на Република Српска се запозна со акцијата на припадниците на СИПА во општината Нов Град, во која се претресуваше зградата на полицијата, зградата на опшината и комуналното претпријатие во Нови Град.
Тој читајќи ги заклучоците од вонредната седница на Владата на Република Српска изјави дека „Судот на БиХ искажал недоверба наведувајќи во наредбата дека постои сомнение дека предметите на истрагата можат да бидат уништени или скриени иако имаа можност од министерството на Република Српска да побараат да им достави документација во врска со тој предмет или да испратат свој инспектор да изврши увид во документацијата“.
Владата на Република Српска бараше да се одржи посебна седница на Народното собрание на Република Српска на која ќе бидат разгледани овие заклучоците за прекинување на соработката помеѓу институциите.
По налог на Обвинителството на БиХ во Нов Град денес се спроведува досега најопсежната акција во процесуирање на воените злосторства на тоа подрачје, над жртви со бошњачка националност, во текот на 1992 година. Уапсени се петмина осомничени кои се товарат за кривично дело злосторство против човештвото.