İlayda Çakırtekin
22 Јуни 2026•Ажурирано: 22 Јуни 2026
Кир Стармер денес ја најави својата оставка од функцијата премиер на Велика Британија и лидер на Лабуристичката партија под зголемениот притисок по лошите резултати на минатомесечните локални избори, јавува Анадолу.
„Ќе поднесам оставка од функцијата лидер на Лабуристичката партија. Утринава разговарав со Неговото Величество кралот за да го информирам за мојата одлука“, објави Стармер во изјавата пред Даунинг стрит 10, неговата официјална резиденција.
Стармер истакна дека оставката доаѓа како одговор на прашањето на неговата партија за тоа дали тој е „најсоодветен“ да ги предводи на следните општи избори.
„Го слушнав одговорот на мојата пратеничка група на тоа прашање и го прифаќам тој одговор со добра волја“, рече тој.
Стармер напомена дека ќе побара од Националниот извршен комитет на неговата партија да утврди временска рамка, при што процесот на номинирање ќе започне на 9 јули, а ќе заврши пред летната пауза (на Парламентот).
„Доколку има повеќе кандидати, со ова ќе се осигури изборот на новиот лидер пред враќањето на пратениците во Парламентот во септември. Јас ќе останам на премиерската функција сè до завршувањето на изборите и ќе направам сè што е во моја моќ за да обезбедам уредно предавање на власта“, додаде тој.