Sarp Özer
10 Октомври 2019•Ажурирај: 10 Октомври 2019
АНКАРА (АА) – Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, истакна дека турските војници како што го спасија народот во регионот од суровоста на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ преку операцијата „Маслинова гранка", исто така и во источниот дел на Еуфрат стојат до своите браќа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на ова министерство Акар говореше за операцијата „Извор на мирот“.
„Нашата цел е да ставиме крај на постоењето на ДЕАШ и ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ во источниот дел на Еуфрат, да ја осигуруваме безбедноста на нашите граници и на нашиот народ, на нашите браќа кои се наоѓаат во нашата земја, да им овозможиме што поскоро да се вратат во нивните територии, домови, обезбедувајќи коридор на мирот“, рече Акар.
„Придаваме голема важност не само на безбедноста на нашата земја и нашиот народ, туку и на Курдите, Арапите, Асиријците, Христијаните и Језидите, како и на другите верски и етнички групи кои живеат во регионот“, додаде турскиот министер.
Тој потсети дека Турција преку операцијата Штитот на Еуфрат неутрализираше 3.000 радикални терористи на ДЕАШ, и рече:
„Турските вооружени сили се единствената војска на коалицијата и на НАТО која се бореше лице в лице против терористичката организација на терен за време на операцијата Штитот на Еуфрат. Турските војници во источниот дел на Еуфрат стојат до своите браќа, а ќе стојат против терористичките организации.“.
Акар нагласи дека ќе го почитуваат територијалниот интегритет на соседите.
„Нема да дозволиме формирање на терористички коридор долж нашата граница долга 911 километри. Не го прифаќаме присуството на терористичките организации“, рече Акар.
Вооружените сили на Турција и Сириската национална војска, ја покренаа операцијата „Извор на мирот" чија цел е воспоставување на мирот и безбедноста во регионот и уништување на терористичкиот коридор кој терористите намеруват да го воспостават јужно од границата со Турција.