Sefa Şahin
20 Јули 2022•Ажурирај: 21 Јули 2022
АНКАРА
На дигиталната платформа на Советот за високо образование (YÖK) на Туркије денеска започна Виртуелниот саем на Советот за високо образование (YÖK) 2022, на кој ќе се промовираат универзитетите од Туркије за кандидатите од странство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Советот за високо образование (YÖK) објави соопштението во кое се анведува дека претседателот на Советот, проф. д-р Ерол Озвар, со видеопорака на турски и англиски јазик им се обратил на странските студенти во врска со саемот што ќе се одржи од 20 до 22 јули.
Озвар, во својата порака, истакна дека Туркије е дом на повеќе од 260.000 студенти од 182 земји и е меѓу земјите што најмногу се претпочитаат од страна на странските студенти.
„Со повеќе од 200 универзитети и околу 40.000 програми, турскиот високообразовен систем нуди висококвалитетно и достапно образование за многу талентирани студенти низ светот“, нагласи Озвер во својата порака.
- „Можно е директно да се комуницира со претставници на универзитетите“
Нагласувајќи дека саемот е единствена можност бесплатно да се добијат сите потребни информации за високото образование во Туркије и за можностите за стипендирање, Озвар рече дека на саемот може да се воспостави директна интеракција со претставници на Универзитетите.
Озвар, наведувајќи дека студентите во високообразовните институции во Туркије ќе добијат квалитетно образование, рече дека нивните дипломи ќе бидат признаени низ целиот свет.
„За вас кои сакате да ја обезбедите својата иднина, турските високообразовни институции нудат многу можности. Универзитетите во Туркије имаат многу добри можности и ресурси за да стигнете до успехот кој го планирате. Со вештините што ќе ги стекнете во високообразовните институции во Туркије, ќе можете лесно да најдете работа во престижни компании и институции низ светот.“
- Саемот се одржува трета година по ред
Советот за високо образование (YÖK) на Туркије овој виртуелен саем за првпат го организира во 2020 година со цел да се намалат негативните ефекти од студентската мобилност, која беше ограничена за време на епидемијата на Ковид-19, и да се промовираат турските универзитети во странство во дигитални средини.
Третото издание на саемот ќе се одржи на интернет-адресата „http://virtualfair-yok.gov.tr“ во периодот 20 - 22 јули од 8:00 до 20:00 часот по турско време или од 7:00 до 19:00 по локално време.
Во рамките на програмата, студентите и нивните семејства ќе можат да се запознаат со историјата на Туркије, социјалните и културните вредности и со турскиот високообразовен систем.
На саемот, покрај штандовите на универзитетите, ќе има и штандови на засегнати организации кои придонесуваат за интернационализација на турскиот високообразовен систем, како што се Претседателството на Турците и сродните заедници во странство (ЈТБ), Турската фондација „Маариф“, Институтот „Јунус Емре“ и Националната агенција .