Gamze Türkoğlu Oğuz
11 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Со истражувањето спроведено од страна на научниците, беше поддржано старото верување дека човекот во себе носи „ѕвезден прав“, јавува Anadolu Agency (AA).
Со цел да добијат информации во врска со хемиските супстанции во атмосферата на ѕвездите, научниците од истражувачкиот центар „Слоан дигитално небо“ го користеа телескопот од опсерваторијата „Апаче поинт“ во Њу Мексико.
Мерејќи го секој хемиски елемент од ѕвездите со техниката на спектрометрија, научниците направија каталог од над 150 ѕвезди со сите нивни составни елементи што имаат клучно значење за живот, како што се јаглерод, водород, кислород, фосфор и сулфур.
Стен Хаселквист од Универзитетот во Њу Мексико рече дека за првпат имале можност благодарение на техниката да ја истражат распределбата на елементите во Млечниот Пат, при што од измерените елементи е утврдено дека тие содржат атоми коишто сочинуваат 97 отсто масата на човековото тело.
Во каталогот се наведени количествата од околу 20 елементи, за секоја ѕвезда одделно.
Оваа студија покажа дека во галаксијата се присутни сите елементи што се потребни за живот, но тие покажуваат различни карактеристики во однос на местото во галаксијата во кое се наоѓаат.