Gökhan Ergöçün
18 Октомври 2017•Ажурирај: 19 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Првиот електромагнетски систем во Турција наменет против беспилотните летала, развиен од страна на турската технолошка компанија „Harp R & D Corporation“, може да се користи и од страна на цивили, изјави денес генералниот координатор на компанијата Ајтекин Гучлу.
Производите наменети за цивилна употреба се развиваат со цел да обезбедат одржливост во производството и во напорите за истражување и развој, изјави Гучлу за Anadolu Agency (АА).
Во контекст на прашањето за што би им бил потребен ваков уред на цивилите тој рече дека урeдот би можел да се користи за заштита на приватноста на поединецот.
„Пример, некој може да лета беспилотно летало на земјиште што вие го поседувате, но притоа да се нема соодветен превентивен механизам“.
„Ние посебно се фокусираме на системите против беспилотни летала, кои може да ги користат јавни личности и цивили без ограничување“.
„Уредот против беспилотните летала е особено корисен во пограничните подрачја поради заканите од напади со дронови“, додаде тој.
Системот ќе почне да се користи на стражарските контролни места во пограничните области“, истакна Гучлу, додавајќи дека такви нарачки, како потреба, ѝ биле доставени на компанијата.
Тој истакна дека технологијата на дронови се развива многу брзо и дека оваа технологија може да се користи за напад, вознемирување или разузнавање.
„Ние постојано работиме на развивање нови модели, бидејќи треба да ја обновиме и да ја подобриме технологијата со цел да ги спречиме можните закани“, рече Гучлу.
Тој, исто така рече дека системот против беспилотни летала е опремен и со опрема за ноќно набљудување.
Турската војска и полицијата во моментов користат системи против беспилотни летала.
„Harp R&D“ се фокусира на задоволување на потребите во однос на беспилотните системи, електронското војување и роботиката за турската војска.