Gamze Türkoğlu Oğuz
31 Октомври 2018•Ажурирај: 01 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Научниците успеаја да ги заробат атомите со помош на светлина која ги влече или ги втурнува во дупка од предмет, јавува Anadolu Agency (AA).
Под лидерство на Ашби Хилтон, студент на докторски студии на Универзитетот „Аделаида“ во Австралија, развиена е технологија со која атомите на светлината се привлечени низ една микроскопска дупка која се наоѓа во центарот на специјална фибер-оптика.
За проектот се вели дека отворил пат за спроведување нови квантни експерименти за развивање нови безбедносни комуникации или напредни сензорски технологии.
Хилтон истакна дека светлината се користи за привлекување или потиснување на предметите, слично на она што го прави сината или зелената светлина во научно-фантастичните филмови. Од друга страна, стапицата ја создаваат невидливите инфрацрвени зраци.
Филтрираните атоми биле фатени во стапица од зраците во комора, од која гасот речиси целосно бил отстранет.
Детали за трудот се објавени во списанието „Physical Review Applied“.