Gamze Türkoğlu Oğuz
19 Јануари 2017•Ажурирај: 21 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Се покажа дека лицата што ги разбираат шегите и оние на кои им се допаѓа црниот хумор се поинтелигентни, јавува Anadolu Agency (AA).
Во списанието „Когнитивно процесуирање“ беа објавени резултатите од истражувањето што го спроведоа 14 научници од медицинскиот факултет во Виена, кое покажа дека лицата што ги разбираат шегите многу бргу ја воочуваат моменталната промена или можат да поврзат работи кои нормално не се во заеднички контекст.
Истражувањето било спроведено на 156 лица со просечна старост од 33 години, од кои 76 биле припаднички на понежниот пол. Во истражувањето на Ули Стеин, наречено „Црна книга“, од учесниците било побарано да погледнат 12 карикатури, примери на црн хумор, и да ги класифицираат според сопственото задоволство и разбирање.
Оценувајќи го класифицирањето, научниците ги поделија учесниците во три различни групи. Во вербалното и невербалното тестирање на интелигенцијата, на групата испитаници што најдобро ги сфатиле и на кои најмногу им се допаднале карикатурите, им биле доделени најголем број поени.
Од друга страна, во истражувањето не беше пронајден ниту еден доказ за општото верување кај луѓето дека оние на кои им се допаѓа црниот хумор се негативни и агресивни лица.
Научникот Улрик Вилингер рече дека наодите до кои дошле во текот на истражувањето покажале оти процесот на разбирање на црниот хумор е „омплексна работа на обработка на информациите.