Emre Aytekin
14 Ноември 2018•Ажурирај: 15 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Вселенскиот телескоп „Хабл“ ја фотографираше џуџестата галаксија наречена „ESO 338-4“ од соѕвездието Јужна Круна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Фотографијата снимена од страна на широкоаголната камера број 3 на „Хабл“ е објавена на интернет-страницата на Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА).
Се вели дека „ESO 338-4“ која се наоѓа на далечина од 100 милиони светлосни години од Земјата, е сина компактна галаксија што се наоѓа во центарот на зоната за формирање на ѕвездите.
Густиот облак од гас и прашина околу ѕвездите во центарот на галаксијата е формиран како резултат на обединувањето на оваа галаксија со друга галаксија во блиското минато.