Besar Ademi
26 Јануари 2016•Ажурирај: 27 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Здружението за еднакви можности "Еднаков пристап", во соработка со Македонското здружение на млади правници во Скопје ја организираше дебатата „Ажурирање на процесот за ратификација на Истанбулската конвенција”, јавува Anadolu Agency (AA).
Во јавната дебата беше презентиран и проектот „Пристапот на жените до правдата”, проектот кој се спроведува во периодот од август 2015 до октомври 2016 година, од страна на Здружението за еднакви можности и на младите правници, преку Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Целта на проектот е директна интервенција во градењето на капацитетите на институциите за спроведување на политиките и мерките за еднаков пристап на жените до правдата, како и актуелизирање на процесот за ратификација на Конвенцијата од Истанбул.
Претседателката на Здружението за еднакви можности „Пристапот на жените до правдата”, Санија Бурагева, соопшти дека на дебатата присуствуваат и претставници на институции кои работат на оваа проблематика, организациите на граѓанското општество и меѓународни организации. Според неа, ова ќе биде плодна дебата каде ќе се донесат заклучоци, кои ќе влијаат на подобрувањето на пристапот на жените до правдата.
„Македонија последниве години продолжува да биде место каде што семејното насилство стапува на сцена, и каде што се забележува зголемување на случаите на семејно насилство. Меѓутоа, целта на овој проект е истражување и подготовка на анализа на состојбата на жените во областа на правдата, со посебен акцент на жените жртви на родовото насилство, затоа што кај нас жените се поголеми жртви на семејното насилство”, рече Бурагева.
Општата цел на проектот е да се подобри пристапот до правдата за жените на Македонија, а проектот е наменет за истражување и откривање на бариерите за пристап на жените до правдата и идентификацијата на средствата за отстранување на бариерите по ова прашање.