Enes Kaplan
15 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
ДОХА (АА) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган беше пречекан со официјална церемонија од страна на катарскиот емир, шеикот Темим бин Хамад Ал Тани, јавува Anadolu Agency (AA).
На пречекот, кој беше организиран во катарската палата на емирот, прво беа интонирани химните на двете држави.
Претседателот Ердоган и катарскиот емир Ал Тани, по церемонијалниот дел од пречекот, започнаа билатерална средба, а потоа и средби меѓу делегациите.