Amina Zorniç
19 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Потрагата по малезискиот авион MH370, кој исчезна пред речиси три години, ќе продолжи и во наредните година и пол, поточно до средината на 2017 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Истражителите од Бирото за безбедност на сообраќајот од Австралија, во моментов пребаруваат околу 120.000 квадратни километри во јужниот дел на Индискиот Океан.
Британскиот весник „Гардијан“, повикувајќи се на извори од Бирото за безбедност на сообраќајот во Австралија, тврди дека потрагата којашто беше предвидено да се заврши до крајот на декември оваа година, може да продолжи до средината на следната година.
Се наведува дека потрагата се одвивала бавно поради лошите временски услови во јужната хемисфера.
На осми март следната година се навршуваат точно три години откако авионот MH370 на малезиската авиокомпанија „Малезија ерлајнс“ исчезна со 239 патници на летот од Куала Лумпур до Пекинг.
Неколку дена по мистериозното исчезнување, малезиската Влада соопшти дека авионот го нема, и дека сите патници и членови на екипажот се загинати.
Во времето кога исчезнал од радарот, авионот се наоѓал над Јужното Кинеско Море.
Во потрагата првично беа вклучени неколку земји, додека подоцна, Малезија и Австралија беа подготвени заедно да ја спроведат заедничката истрага.
Досега најскапата потрага во историјата на цивилното воздухопловство започна на 18 март 2014 година, на површина од повеќе од 4,5 милиони квадратни километри, но до денеска нема дадено никакви резултати.
Во април оваа година, австралиски претставници објавија дека на плажата Маурициус, на островската држава во југоисточниот Индискиот Океан, пронашле дел од авионот MH370.
Станува збор за авионско крило, за кое истражувачите тврдат дека сигурно му припаѓа на авионот шрто се бара, но дека целото летало досега не е пронајдено.