Umur Koçak Semiz
10 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Нобеловата награда за економија во 1968 година е именувана како Награда на Шведската централна банка за економија, по повод 300-годишнината од основањето на Шведската централна банка. Научната академија на кралството Шведска овогодишната Нобелова награда за економија им ја додели на Британецот Оливер Харт и на Финецот Бенгт Холмстром за „придонес кон теоријата на договори“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во образложението од кралската академијата на Шведска се вели:
„Нивните теории се значајни за разбирање на договорите во реалниот живот и во институциите, како и за разбирање на потенцијалните стапици што ги содржат договорите“.
Харт и Холмстром ги добија наградите за својот придонес во решавањето на проблематиката што ја содржат договорите меѓу два различни субјекта.
Харт е професор по економија на универзитетот „Харвард“, додека Холмстром е професор на Универзитетот „МИТ“ во Масачусетс.
Наградата од 1 милион евра, двајцата научници ќе ја поделат подеднакво, а признанијата и златниот медал ќе ги примат на свечената академија којашто ќе се одржи на 10 декември, по повод годишнината од смртта на Алфред Нобел.
- Нобелова награда за економија -
Нобеловата награда за економија е воведена во 1968 година, од страна на Шведската централна банка, во чест на основачот на оваа награда, Алфред Нобел. Од 1969 година, досега се доделени 47 награди. Притоа наградата 17 пати ја поделија дајца научници, додека 6 пати наградата ја добија тројца научници.
Меѓу 75-те научници што ја освоија оваа престижна награда се наоѓа само една жена. Елинор Остром ја доби Нобеловата награда во 2009 година.
Најмлад добитник на Нобелова награда за економија е Кенет Џ. Ароу, награден во 1972 година, на 52-годишна возраст. Најстар добитник на оваа награда е Леонард Хурвиц, кој наградата во 2007 година ја доби на 90-годишна возраст.