МВР: Издадени 2.973 потврди на бегалците и мигрантите
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.942, Авганистан – 549, Ирак-273, додека другите се во помал број.
????? ????????
26 Октомври 2015•Ажурирај: 27 Октомври 2015
Гевгелија
Во периодот од 08,00 часот на 25.10.2015 до 26.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.973 странски државјани, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти Министерството за внатрешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.942, Авганистан – 549, Ирак-273, додека другите се во помал број. Во периодот од 19.06.2015 до 26.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 178.902 странски државјани, од кои, 111.534 се од машки пол, 25.413 се од женски, 33.836 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 8.119 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 26.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.