15 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
ВИЕНА (AA) – Државниот секретар на САД Џон Кери, по одржување на состанокот за решавање на кризата во Сирија, одржан денеска, во Виена, изјави дека е дадена поддршка на на планот кој вклучува прекин на огнот во Сирија, а кој би бил под надзор на Обединетите нации, јавува Anadolu Agency (AA).
Кери, рече дека планот подразбира и формирање на преодна влада во Сирија во рок од шест месеци како и одржување на избори во рок од 18 месеци.
Според него, на состанокот е побарано да се одржи среба помеѓу претставниците на сириската опозиција и режимот на сирискиот претседател Башар Ал-Асад до крај на годинава.
На состанокот во Виена за решавање на сириската криза која трае од 2011 година, учествуваа представници од 19 земји, вклучувајќи ги САД, Русија, Иран и Саудиска Арабија, како и представници на Обединетите Нации (UN).